Фаризи: Мицкоски треба да отиде повторно на избори, и да му нанесе уште еден „потоп“ на СДСМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Аналитичарот Љуљзим Фаризи во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека премиерот Христијан Мицкоски треба да оди на избори и да му нанесе уште еден голем пораз на опозициската СДСМ.

„Јас да сум на местото на Мицкоски, и отишол уште еднаш избори, и да им нанесе нов потоп. За да се правиш силен, треба малку да работиш внатре во државата, а не да се шеташ во светот. Наместо да шеташ низ Дубаи, тие од Дубаи нема да дојдат од таму да гласаат. Ти си лидер, и од тебе се очекува да ја реформираш партијата, а не да се шеташ по Дубаи и да славиш“, рече Фаризи.

Покрај Фаризи, во студиото на ТВ21 е и Никола Србов.