Фатен на лице место во Кичево – натоварен камион со отпад, а го сокрил со земја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова видео е снимено во село Попоец, Кичево. Камионот бил полн со отпад, а одозгора прекриен со земја за да не се забележи. Кога почнало растоварањето, тогаш јасно било за што станува збор.

Жителите, револтирани. Велат ова се повторува 5 дена по ред. Ја известиле полицијата и се преземаат мерки.

Во моментот кога ТВ21 пристигна на терен, на пладне, фрлениот отпад беше покриен со земја, за да не се гледа. Жителите тврдат дека камионот е на една компанија која учествува во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Велат дека го следеле и обвинуваат дека ЈП Комуналец  товарел отпад во овој камион.

„Градежната компанија која го гради автопатот Кичево – Охрид го носеше од депонијата на ЈП Комуналец, од општинската депонија, со два камиона од кои едниот е фатен на лице место како фрла отпад, а другиот се врати. Рано утрото забележав дека кај депонијата на ЈП Комуналец камионите беа товарени со машинерија на Комуналец, два камиона од приватна компанија“.

„Нешто се гледа но другото е покриено со земја и секој пат тоа го прават, станува збор за 5 дена минимум за кои ние знаеме а можеби било и порано. Пресметајте по 20 или 30 камиона на ден носат и еве како го покриваат, но се гледа. Јас утрово се скрив на планината и оставив камионот да паркира и да истовари, камионот беше натоварен со отпад и прекриен земја.“

Жителот се обидел да го спречи, но  возачот на камионот видел дека се снима и почнал да бега. Жителите велат дека доколку не се преземат мерки, самите ќе го сторат тоа на порадикален начин со блокирање на патот.

Од ЈП Комуналец негираат, велејќи дека фрлениот отпад не бил товарен од нивното претпријатие и дека немаат врска со настанот.

Инаку ЈП Комуналец ги исчисти депониите создадени околу регионалниот пат кај селата кај Осломеј.