Корисниците на „Фејсбук“ „Месинџер“ и „Инстаграм“, повторно ќе можат да ги користат овие социјални мрежи.
Од компанијата „Мета“ изјавија дека се вратени во функција, и дека ќе биде потребно време да се нормализира работата.
„Се враќаме, иако можеби ќе биде потребно малку време за сè целосно да се врати во нормала“,вели шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс.
Претходно корисниците на мрежите автоматски беа одјавени и не можеа повторно да се најават. Тие добиваа порака „нешто тргна погрешно“, а на месинџер беше оневозможено да се праќаат пораки.
