Филипче: Блокирањето на државата е со умисла – ВМРО-ДПМНЕ: Минатата власт ја донесе земјата во ситуација да биде понижувана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека сегашната власт свесно ја блокира државата кон евроинтеграциите, обвинувајќи ја за црна ПР стратегија.

„Тоа што оваа власт, кога беше во опозиција од 2017 година до 2024 година, со една силна пропагандна, црна ПР стратегија, сите политики стратегиски добри за државата, ги претстави како предавнички, тоа е нешто што они како систем и сега продолжуваат да го прават. И зашто велам дека сето тоа што се случува тука во државата е со умисла. Како говореше предателката сегашна Силјановска Давкова, дека Преспанскиот договор е предавство, дека го загрозува националниот идентитети, дека таа никогаш нема да го користи Уставното име. Како говореше премиерот дека додека тој е ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. Во незината изјава, она точно кажува што таа мисли и што говори кога сака да го претстави Договорот како предавство. И после тоа да објаснува, иако тоа не е така, што го кажува во сегашната изјава“, вели Филипче.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека минатата власт ја донесе во понижувачка ситуација Македонија, да биде блокирана и да биде условувана.

„Венко Филипче и СДС никогаш немаат јасен став кога Македонија е понижувана. Додека од Софија отворено се испраќаат пораки дека барањата нема да запрат тој и СДС продолжуваат со политиките на попусливост и национално понижување.

Граѓаните знаат дека токму кадрите на СДС ја донесоа државата во ситуација постојано да биде понижувана, блокирана и условувана. Наместо достоинствена дипломатија и црвени линии, СДС нудеа попустливост и молк.

Филипче денес не нуди никаква визија, ниту решение за граѓаните. Неговата политика се сведува на празни изјави, калкулации и обид по секоја цена да се доближи до центрите кои бараат нови отстапки од Македонија.

Затоа довербата во Филипче и СДС секојдневно опаѓа. Народот не сака политичари кои се срамат од сопствениот народ, туку лидери кои ќе работат чесно, достоинствено и исклучиво во интерес на Македонија.

Токму затоа СДС е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. Токму поради поданичките политики на следните избори СДС може да исчезне од политичкиот спектар.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.