Филипче: „HealthBuddy+“ нуди брз пристап до проверени информации поврзани со ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејбук профил ја објави новата апликација која нуди пристап до проверени информации за ковид-19.

„„HealthBuddy+“ е апликација достапна на македонски јазик и нуди пристап до проверени информации за КОВИД 19. Овозможува да се преземе активна улога по пријава на дезинформации кои подоцна ќе се проверуваат со факти потврдени од експерти“, пишува Филипче.

Апликацијата обезбедува информации базирани исклучително на докази и помага за разоткривање на митовите и лажните тврдења за вирусот.

Развиена од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Кај нас, е реализирана со поддршка УСАИД.

HealthBuddy+ е достапна на Apple и Google Play.