Филипче: Има што да се научи од Заев и од другите претходници кои биле претседатели на СДСМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека има комуникација со Заев и со некои други претходници на лидерското место на СДСМ, и дека од нив и натаму бара совети сега како лидер на партијата.

„Тоа што имам добра реалција со Заев, сметам дека кажува нешто за мене. Ги почитувам сите претходници на лидерската функција на СДСМ, и тоа се луѓе од кои што има што да се научи. Такво искуство може да се добие само од претходниците“, рече Филипче и додаде:

„Имам комуникација и со Ковачевски, Шеќеринска, Бучковски. Така што сите даваат совети, односно јас барам совети од нив“, кажа Филипче.

ТВ21: Можеби со Бранко Црвенковски?

„Не, немам комуникација со поранешниот претседател“.