Филипче: Колапс во земјоделството, нема откуп и пари, субвенциите намалени – ВМРО-ДПМНЕ вели: СДСМ лаже, повисоки субвенции, сточарството со позитивни резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче, лидерот на СДСМ деенска од Карбинци испрати серија критики до власта за негрижата околу земјоделството. Филипче смета дека трошоците се зголемени, дека каналите не се исчистени, и дека нема доволно пари за субвенции.

„Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат.

Прво зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на а езерото Калиманци. Понатаму, немање доволна сума на пари за субвенции. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра, освен што е намалена не се исплаќаат,, субвенциите доцнат. И тоа важи исто така за секој сектор во земјоделието како за производство на тутун, како за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз. Ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, каснење на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп.“, вели Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги нарекоа ваквите изјави „лага“, и дека сега со оваа власт има повисоки субвенции за земјоделците, и дека сточарството бележи позитивни резултати.

„Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика. За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година. Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството.

СДС го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики. Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.