Филипче: Македонија меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека оваа година сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност.

Тој вели дека овој успех е постигнат со сериозен план и огранизација, инвестиции во опрема, вложувања во едукација на персоналот и нивно доусовршување

„Воведовме европски протоколи и направивме добар систем на комуникација со одделението за интензивна нега на Детската клиника. Со ваков системски пристап, успеавме за речиси 50 проценти ја намаливме неонатална, перинатална и доенечката смртност. Горд сум на целиот стручен тим од Клиниката за гинекологија и акушерство. На Светскиот ден на предвреме родените деца одржавме дигитална тркалезна маса „Заедно за бебињата родени предвреме-се грижиме за иднината”, во организација на ГАК и граѓанската организација „Лулка”“, посочи Филипче.