Филипче: Не продолжија со зголемување на платите иако сега нема криза, а ние во изминатите 7 години се боревме со три кризи, а платите растеа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21. Во емисијата ги критикуваше политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите 100 дена од владеењето, и им замеруваше дека не ги зголемиле платите.

„Сметаме дека овие 100 дена оваа Влада не покажа никаков интерес за граѓаните, компаниите и генерално за државата. Владата не продолжи со политики кои ние ги имплементиравме во измиантите седум години. Особено во покачувањето на платите. Не продолжија со покачување на платите, и продолжија да владеат онаму каде што застанаа во 2016 година. Треба да напомене дека сега нема криза, а ние во изминатите седум години се боревме со три кризи, а платите растеа“, рече Филипче.