Филипче: Не знам колку на „Влен“ може да им се верува и дали се под притисок за уставните промени да се направат по локалните избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во ТВ21 вечерва гостува лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој во емисијата „Клик Плус“ изрази сомнеж за вербата на коалициониот партнер на власта „ВЛЕН“ со оглед дека неколку пати ги сменила ставовите околу уставните измени.

„Не знам колку тие се партнери на кои може да им се верува, затоа што ги менуваат ставовите. Прво кога влегоа во Владата кажаа за уставните измени рок од шест месеци, па потоа сменија. Зошто ја сменија таа изјава, дали се под притисок, дали имаат некои други согледувања, дали сметаат дека треба да се направат после локалните избори што е ексклузивен само партиски, но никако државен интерес, тоа треба да ги прашаме нив“, изјави Филипче.