Филипче од студиото на ТВ21 го повика Мицкоски: Ајде да свикаме собраниска седница за ЕУ, ако треба може да биде и затворена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од студиото на ТВ21 вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче испрати повик до премиерот Христијан Мицкоски за свикување на собраниска седница од затворен тип, за да се соопшти што ќе се прави понатаму на патот кон ЕУ.

„Не е ултиматум, туку тоа е јасен став на целата ЕУ и не е билатерално прашање. Треба Владата јасно да го каже планот како ќе продолжиме. Но, тоа не е екслузивно право на власта. Премиерот кажува дека има земји кои го разбирале неговиот став, наводно давале поддршка, и го повикувам да свикаме собраниска седница. Ако треба да биде и затворена. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и целокупната власт има обврска да каже како по тој пат понатаму. Очигледно дека нивниот нов стратешки партнер Унгарија рече дека не може да се меша и не може да помогне“, изјави Филипче.