Филипче: Од утре заболените од коронавирус почнуваат да добиваат терапија, за која испитувањата покажаа дека позитивно влијае кај пациентите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Набавена е терапија која покажала дека дава резултати против коронавирусот, и утре ќе им се дава на одредени пациенти. Станува збор за Комбинацијата од хлоркинин и азитромицин.

„Веќе од утре терапијата со хлоркинин и азитромицин ќе биде аплицирана на пациентите кај нас, и оние кои се во домашните и во болничките услови. Прво е потребна проценка на клиничката состојба, се дава кај одредена група, не кај сите“, рече Филипче.