Филипче одговара зошто се отвораат градинките, а не и училиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 посочи зошто е донесена одлука за отворање на градинките, а пролнигање на и основните и средните училишта.

„Единствената причина е зачувување на здравјето затоа што голем број на деца во училиште во затворена просторија е огромен ризик. Тие, точно е дека според протоколите се среќаваат меѓу себе, на влезот, одморот, излезот на крај од часот, и сметаме дека оваа препорака треба да ја продолжат онлајн со неколку исклучоци и тука се со физичко присуство од 1-во до 3-то одделение, на барање на основачот доколку има мал број на деца или класови е нешто што ќе овозможи да малку деца бидат физички присутни во училиште а со тоа се намалува ризикот за трансмисија на вирусот“, појасни Филипче.

Тој додаде дека ја следат ситуацијата и можат да дадат нови препораки или насоки во секој момент.