Филипче прашува: Дали Мицкоски нема доверба во своите луѓе? Компаниите се во кризи, има застој во исплатата на ДДВ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Компаниите се во сериозни кризи, има сериозен застој во исплатата на ДДВ. Нашите информации велат дека 100 милиони евра не се исплатени во последните четири месеци“.

Ова го изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 околу работата на Владата во изминатите 100 дена.

Тој ја коментираше најавата на премиерот Мицкоски дека ќе присуствува лично во институциите за да ја контролира нивната работа.

„Целта на премиерот да кординира институциите, но не може да ги контролира кој колку ќе добие. Едно време најави дека ќе седел на царина и ќе гледа какви лекови се увезуваат, и тоа е причина зошто државата е блокирана. Дали нема доверба во неговите луѓе, и во институциите, тоа допрва ќе видиме“, изјави Филипче.