Филипче: Пропаднаа ветувањата за подобра позиција на патот кон ЕУ, сега еднострано се прекинати преговорите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче, лидерот на СДСМ во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ им ветувале на граѓаните подобра позиција на патот кон ЕУ, но наместо тоа еднострано ги прекинале преговорите.

„ За жал тоа што се случи еднострано прекинување на преговорите од страна на Мицкоски, што нема ниту морално, ниту етичко ниту политичко право да го направи. Дојдоа на власт на ветување дека ќе ја подобрат нашата позиција кон ЕУ, но тоа не се се случи. Ги влошија односите со Грција, а понатаму на еден брутален начин и со Бугарија. Не гледам дека владата има индиции да го продолжи патот кон ЕУ. Сега премиерот има обврска да го каже својот план. Имаат ли план, каков е планот. Размислуваат ли за некој друг сојуз?“, праша Филипче.

Тој го повика премиерот Мицкоски да биде свикана собраниска седница за понатамошните чекори на Владата кон ЕУ.

„Не е ултиматум, туку тоа е јасен став на целата ЕУ и не е билатерално прашање. Треба Владата јасно да го каже планот како ќе продолжиме. Но, тоа не е екслузивно право на власта. Премиерот кажува дека има земји кои го разбирале неговиот став, наводно давале поддршка, и го повикувам да свикаме собраниска седница. Ако треба да биде и затворена. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и целокупната власт има обврска да каже како по тој пат понатаму. Очигледно дека нивниот нов стратешки партнер Унгарија рече дека не може да се меша и не може да помогне“, изјави Филипче.

Филипче кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја користат придавката „Северна“, со што пропаднаа обидите дека ќе биде вратено името.

„Ниту го вратија, ниту ќе го вратат, си користат „Северна“, уште малку ќе почнат да се чукаат во гради со уставното име Република Северна Македонија.