Филипче: Се повеќе луѓе кои преминаа кон други партии, сега се враќаат во СДСМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека се повеќе луѓе кои преминале во други политички партии, сега се враќаат во СДСМ.

„Одличен е приемот каде што поставивме нови општински претседатели, поради тоа што консултирам широк круг на луѓе. На состаноците на тие општински организации дуплиран е бројот на членови кои присуствуваат. Пристапуваат и членови на ЗНАМ. Има се повеќе луѓе кои декларираа дека преминуваат во други политички партии, сега се враќаат и сакаат да придонесат во работата на СДСМ“, рече Филипче.