Филипче: Стигна помошта од ЕУ со монитори, маски, ракавици и заштитни очила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем. 

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 7. Mai 2020