Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не го враќаат името, користат „Северна“, уште малку ќе почнат да се чукаат во гради со Република Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека власта ги излажала граѓаните кога им ветувала дека нема да ја користи придавката „Северна“.

Филипче рече дека уште малку власта ќе го користи целото уставно име Република Северна Македонија.

„Ветуваа дека нема да ја користат Северна, дека ќе го врателе името, еве гледаме ниту дека го враќаат името“, рече Филипче.