Министерот за здравство Венко Филипче денеска во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека во септември има ризик фактори кои може да ја влошат состојбата со коронавирусот, па затоа препорачале училиштата да почнат покасно со работа.
„Препорачавме училиштата да почнат нешто покасно со работа, на почетокот на октомври затоа што во септември месец веќе има доволно ризик фактори кои може да ја влошат епидемијата, тоа е тоа што веќе луѓето се вратени и почнуваат со работа, завршени се одморите, и ќе бидат повеќе во затворена просторија подолг временски период. Очекувано е да има притисок кон болниците ако има новозаразени и пациенти кои треба да се лекуваат во болници, околу 20-тиот ден – третата недела некаде после некој настан, во таа смисла не сакаме да дозволиме голема бројка на луѓе да биде во затворена просторија и затоа е препораката училиштата да почнат нешто покасно“, истакнува министерот Филипче.
