Министерот за здравство Венко Филипче истакнува дека системот за масовна вакцинација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција.
„Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 74076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат“, пишува министерот на својот Фејсбук профил.
Тој додава дека со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваат имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет.
