Филипче за законот за јазици: Toa е инструмент за подгревање на политички тензии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче, лидерот на СДСМ вечерва во „Клик Плус“ го коментираше разгледувањето на Уставниот суд на законот за јазиците. Првиот човек на СДСМ кажа дека тоа е инструмент за подгревање на политички тензии.

„Јас за жал гледам уште еден инструмент за погревање на политички тензии. ВМРО-ДПМНЕ со тоа сака да го одвлече вниманието од реалните проблеми. Да ја почекаме одлуката на Уставниот суд. Моите информации се дека ќе се разгледува законот по одлука на Венецијанската комисија. Ставот на СДСМ е целосно почитување на правичната застапеност, притоа интегрирајќи во тој систем мерит систем. Се тоа што се случува сега е партизација“, рече Филипче.