Филиповски: Не постои баланс помеѓу јавните приходи и расходи во моментов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетскиот професор Владимир Филиповски вечерва во Бизнис 21 кажа дека во првиот квартал од 2026 година, веќе е креиран буџетски дефицит од 64% од вкупниот буџетски дефицит за оваа година.

„Фискалниот простор на македонскиот буџет не е многу голем и е ограничен, а токму е тоа идејата на фискалниот простор, кога има нормални времиња, фискалната политика да создаде резерви, за да кога ќе се случи ваков шок, да имате доволно ресурси и резерви за да интервенирате. Она што е карактеристично од првиот квартал од оваа година е креиран буџетски дефицит кој што изнесува 64% од вкупниот планиран вкупниот дефицит за оваа година, и балансот меѓу јавните приходи и јавните расходи на тековна основа не е избалансиран, односно има нов јаз, нов буџетски дефицит“, рече Филиповски.