Финансиска полиција оформи предмет за ланското новогодишно украсување на Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Финансиската полиција оформи предмет за ланското новогодишното украсување на Скопје за што немаше тендер.

Како што велат од Финансиската полиција, во моментов се вршат проверки, но поради тајност на предистражната постапка согласно Законот за финансиска полиција и Законот за кривична постапка, не се во можност за истите подетално да информираат.

Финансиската полиција лани во декември влезе во Град Скопје за да провери колку и како се потрошени пари од градскиот буџет за новогодишното украсување на градот.

Градоначалничката Данела Арсовска велеше дека за украсувањето се потрошени 30.000 евра, а на сајтот на Бирото за јавни набавки немаше објавено тендер, ниту јавен повик на страната на Град Скопје. Арсовска не кажа ниту која фирма го украсуваше градот.