Финансиска влезе во Клиниката за торакална хирургија, во тек се проверки на документи!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финансиската полиција започна проверки на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, фокусирајќи се на тендерите и договорите од периодот 2017-2024.

Поранешниот директор, Неџати Јакупи, кој беше и министер за животна средина и член на ДУИ, управувал со клиниката кога се создадоа големи долгови од 4,6 милиони евра. Полицијата обезбедила документација за јавни набавки и договори, која сега се анализира за можни неправилности или кривични дела.

Според извори од клиниката, клиниката оставена со долгови и забележано е дека операционата сала, која беше отворена во 2020 година како „сала според светски стандарди“, никогаш не била ставена во употреба. Дополнително, се открило дека клиниката има склучено неколку тендери за реновирање и опрема на сала, вклучувајќи тендери за градежни и машински работи со вкупна вредност над 61.000 евра и тендери од 172.000 евра за инсталации, мебел и осветлување на новата сала.

Во тек се дополнителни проверки на овие тендери и евентуалните незаконски дејства.