Фитнес инструкторка го правеше утринскиот аеробик, без да знае што и се случува зад грб (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога фитнес инструкторката Кинг Хнин Ваи во понеделник наутро го вклучила снимањето на својот мобилен телефон и ја започнала својата рутина со аеробик, веројатно не ни сонувала дека нејзината снимка ќе стане една од најбизарните видео записи на денешницата.

На истата локација, патот кој води кон комплексот во кој заседава парламентот на Мјанмар, редовно ги снимала своите тренинзи по аеробик во последните 11 месеци. Меѓутоа за време на завчерашниот танц (околу 1:37 на снимката), зад неа почнале да минуваат воени возила, со војници на крововите и во товарните простори.

Конвојот на кратко застанал додека ги пропуштале војници со барикади на патот кон парламентот, а потоа може да се види како конвојот го продолжува својот пат кон Собранието, каде што набрзо ќе почнат да се приведуваат луѓе од владеачката партија, Национална лига за демократија.

Војската на Мјанмар во понеделникот ја приведе и лидерката на партијата и на државата, нобеловката Аунг Сан Су Ки, претседателот Вин Мјинт и водечките членови на партијата.