Словачкиот премиер Роберт Фицо силно се спротивставува на одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел во нападите врз Русија и истакнува дека тоа има за цел да ги спречи или одложи мировните преговори, се вели во соопштението на словачкиот премиер.
„Ова е невидена ескалација на тензиите, одлука што ги оневозможува надежите за почеток на какви било мировни преговори и крај на меѓусебното убивање на Словените во Украина“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и изјавите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во неделата ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел за напади длабоко во руска територија.