ФК Шкупи ја почнува европската авантура – Седлоски: Ќе покажеме зошто сме шампиони на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски шампион ФК Скопје денеска ја започнува европската авантура.

Тимот од Чаир првиот предизвик во новата сезона во Лигата на шампионите ќе го има против тимот на Линколн од Гибралтар.

Тренерот Гоце Седлоски изјави дека противничката екипа е доста агресивна, но сепак се надева на позитивен резултат.

Победникот од овој натпревар ќе биде решен по два меча, едниот во Скопје, а другиот во Гибралтар, но голманот Наумовски вели дека решиле да ја завршат најголемата работа уште на првиот меч.

Натпреварот ШКУПИ – Линколн се игра вечерва од 20:45 часот на стадионот „Тодор Проевски“ во Скопје.

Во меѓувреме уште две екипи од Македонија ќе играат во Европа, односно во Конференциската лига. Тетовска Шкендија во четврток ќе ги одмери силите со ФК Арарат од Ерменија, додека Академија Пандев ќе игра против полската екипа Лехија.