Со солзи радосници, Фљора Гаши ја сподели среќната вест дека лекот за нејзината ретка болест конечно ќе пристигне. 21 годишната Фљора, на која и е дијагностицирана Цистична фиброза, ги направила последните прегледи за анализи за тоа како ќе дејствува лекот Ивакафтор.
„Моментално се наоѓам во болница…многу сум среќна и не можам да зборувам. Почнав со неколку прегледи, за лекот кој треба да стигне и само сакав да ја споделам со вас оваа радост. Денеска пешачев за да видиме колкава ми е силата на срцето, колку е кислородот, промените пред и потоа. Многу сум среќна моментално и плачам од радост“, вели Фљора Гаши.
Фљора преплавена од емоции вели дека конечно ќе и се исполни желбата. Таа не може да верува дека по 21 година конечно пристигнува потребната терапија која ќе и го олесни животот.
„Секогаш бев тажна за состојбата во последно време. Мислев дека нема надеж да пристигнат лековите и собирав само негативна енергија дека можеби никогаш нема да биде добро. Но, моментално по 5 години доаѓаат убави нешта, ми се исполнуваат желбите, барем за болеста која ми е слаба точка во животот и верувам дека се ќе биде подобро. Моментално плачам од среќа бидејќи лековите се очекува да пристигнат до крајот на неделата“, вели Фљора Гаши.
Болеста и ја отежна здравствена состојба на Фљора и и оневозможни вршење на секојдневните активности како нејзините врсници. Денот го поминува со примање терапии и најмногу се дружи со апаратот за кислород. Овој лек е надеж дека Фљора барем ќе функционира подобро и нема да го минува целото време во болница.
Дека лекот ќе стигне наскоро ни потврди и директорката на Детската универзитетската клиника, Аспазија Софијанова, каде се лекува Фљора. За ТВ21 Софијанова рече дека лекот се очекува да пристигне до крајот на јануари.
Од Министерство за здравство не добивме информација во врска обезбедувањето на лекот. Во текот на утрешниот ден се очекува ФЗО да излезе со детали за набавката на лекот Ивакафтор.
