Фон дер Лајен: Светот е во ера на геостратешки натпревар, ЕУ е подготвена за соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Давос изјави дека светот влезе во нова ера на остра геостратешка конкуренција, но дека Европската унија е подготвена за соработка низ целиот свет, како и со Кина и САД, додавајќи дека првото патување на нејзината нова комисија ќе биде во Индија, најголемата земја со демократски систем во светот.

„Нашите вредности не се менуваат, но за да ги одбраниме овие вредности во светот што се менува, мора да го промениме начинот на кој дејствуваме. Мора да бараме нови можности каде и да се појават. Ова е моментот да се ангажираме надвор од блоковите и табуата, “, рече фон дер Лајен.

Според неа, Европската унија мора да работи конструктивно со Кина и да ги прошири трговските и инвестициските врски со Пекинг, а истовремено да воспостави порамномерен однос.