Облак од прав од Сахара се појави над источниот Медитеран, оставајќи големи делови од Грција во магла. Оваа појава се очекува да продолжи и денеска.
Голем дел од земјата, вклучително и главниот град Атина, е сериозно погоден од прашината.
Особено тешко беше погоден јужниот остров Крит. Нивото на прашина во воздухот во западните делови беше над 50 mg/m³.
Министерството за здравство препорача старите лица, малите деца и оние со респираторни проблеми да ги намалат активностите на отворено на минимум.
Најзначајните последици од доаѓањето на облакот од сахарска прашина ќе бидат:
- пораст на температурата во следните денови
- ограничена видливост на различни места
- облачен дожд, главно во западните и северните делови од земјава
Прашината и песокот се поврзуваат со здравствени проблеми
Сахарската прашина може да предизвика здравствени проблеми за општата популација во Грција. Забележано е дека во деновите со концентрација на прашина се зголемува бројот на приеми во болница.
Истражувањето спроведено од грчки и странски научници идентификуваше цела листа на опасни тешки метали во сахарската прашина. Овој феномен е алармантен за општеството, бидејќи сахарска прашина во последните години се почесто доаѓа во Грција поради зголемената опустинување во Сахара.
Според проценките, прашината и песокот кои патуваат од Африка до Грција носат токсични материи, како што се олово, цинк, хром, ванадиум, арсен и никел во многу поголеми количини отколку што се мислеше.
Формирање на сахарски облаци од прашина и песок
За да може сахарска прашина да ги погоди земјите ширум светот, таа прво мора да се издигне во воздухот и да ја напушти пустината Сахара.
Καιρός: Σκεπασμένη από αφρικανική σκόνη η χώρα σήμερα και αύριο https://t.co/OJZ9xduUMG pic.twitter.com/lFIuunOdOC
— www.loutraki365.gr (@loutraki365) March 27, 2024
Депресијата Бодела е едно од најзначајните места на формирање на облак од прашина и песок во Сахара. Вдлабнатината е составена од исушени езерски корита кои сега се покриени со дини.
33 ° βαθμους Κελσίου πριν από λίγο στο Ηράκλειο, η Κρήτη θα σκεπαστεί από Αφρικανική σκόνη οσονουπω. #Ηντα_θα_γενούμε_οφέτος_κοπέλια pic.twitter.com/eGc7QkPV75
— Μανόλης della Creta (@baxebanis) March 27, 2024
Ветровите кои се движат меѓу 6 и 16 m/s (13-35 mph) низ овој регион собираат распуштен талог и носат прашина подалеку од Сахара.
Η αφρικανική σκόνη κάλυψε την χώρα: Κρήτη και Αθήνα θυμίζουν Σαχάρα (Εικόνες) https://t.co/ViefoxI2Fy
— iEidiseis.gr (@iEidiseisGR) March 27, 2024
Секако, поголемата брзина на ветерот доведува до ширење на поголема количина прашина во овој регион. Најголемиот излез на прашина од оваа област се јавува од пролет до есен.
Сахара е најголемиот извор на еолска прашина во светот.
Инаку, во текот на вчерашниот ден пустинска песок од Сахара беше забележана и во Македонија, а повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА!
