ФОТО: Дивоградбата кај Мавровка речиси срушена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дивоградбата кај ТЦ Мавровка која почна да се руши завчера, денеска е речиси целосно срушена. Веројатно до крајот на денот ќе се заврши со рушење, а потоа ќе треба да се собере отпадот од градежен шут, за целосно да биде расчистен просторот.

Во изминатите неколку дена дивоградбата е жешка тема во нашата земја. Сопственикот Мевлудин Алити најави дека имал дозвола за градба, и дека ќе ја бара правдата во Судот во Стразбур.