ФОТО: Државното знаме наместо високо на јарболот, виси за рефлектор кај градски стадион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државното знаме на Македонија наместо високо да се вее на јарболот, буквално виси закачено за рефлекторот кај градскиот стадион во Скопје.

Но, што стои во законот за употреба на државно знаме?

Имено, во законот се вели дека при истакнување на знамето не смее да допира до ништо што се наоѓа до или под него.

  • „Знамето на Република Северна Македонија се подига и спушта, истакнува и симнува, односно пренесува, со вообичаени почести (станување, поздравување и друго). При истакнувањето, знамето не смее да допира до ништо што се наоѓа до или под него. Кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот или било кој друг предмет. Кога знамето се вади од јарболот и се става на чување, треба да се свитка уредно и на церемонијален начин. Знамето не смее да се употребува:
    • како драперија, завеса или прекривка;
    • свиткано во форма на венец или набрано;
    • како украс на перници, марамчиња, салвети, кутии од хартија, долна облека или предмети кои веднаш по употребата се фрлаат“.