Автомобил од непознати причини се запали на скопската обиколница кај Волково, јавува ТВ21.
На фотографијата се гледа како автомобилот е целосно зафатен од пламен и веројатно целосно опожарен.
Горењето на автомобили во последните денови се честа појава на патиштата низ Македонија. Синоќа ТВ21 јави за изгорен автомобил на патот Тетово – Гостивар, по што интервенираа и противпожарните единици.
