ФОТО: Градоначалниците ги земаа лопатите во раце – „Соработката и разбирањето се клучот за иднината“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На Меѓународниот ден на толеранцијата, градоначалниците од општините раководени од коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека соработката и разбирањето се единствениот пат за создавање подобра иднина за сите граѓани.

На овој настан учествуваа градоначалниците од коалицијата ВЛЕН: Блерим Сејдиу, градоначалник на општина Желино, Валбон Лимани, градоначалник на општина Гостивар, и Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир, како и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ: Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница, Дејан Митевски, градоначалник на општина Аеродром, Александар Стојковски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и Орце Георгиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, воедно и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

„Засадувањето садници денес не е само симболичен чин, туку јасна порака: садиме надеж, единство и напредок, против поделбите и омразата што ги измориле и премориле нашите граѓани“, истакнаа градоначалниците.

Коалицијата ВЛЕН цврсто стои против обидите за ширење поделби и омраза за ситни политички придобивки. Ние веруваме во општество каде сите граѓани, без разлика на етничка припадност или политичка определба, можат да живеат во мир и хармонија.

Додека другите користат зборови за да разделуваат, ние делуваме за да обединиме. Секоја садница засадена денес е доказ за нашата посветеност за изградба на иднина каде толеранцијата и разбирањето ќе триумфираат над омразата и поделбите.

Коалицијата ВЛЕН е гласот на граѓаните кои бараат мир, правда и подобра иднина за сите.