Медицинската сестра Маја, која на Инфективната клиника денеска им помагаше на заболените од коронавирус, доби посебно признание од министерот за здравство, Венко Филипче.
„ Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!“, напиша на својот профил на „Фејсбук“, Венко Филипче.
