УДАРНА ВЕСТ

ФОТО: Министерот Тошковски во Албанија – одблиску се запозна со активностите кои се преземаат за негување и зачувување на македонската култура и идентитет

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во посета на соседна Албанија каде информираше и за средба во просториите на македонската амбасада со дел од Македонците кои живеат во Албанија.

Како што вели, имал можност непосредно да се запознае со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени.

„Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет. Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето на блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората“, вели Тошковски.