Денеска во Скопје пристигнаа шест нови автобуси кои се донација од Европската Унија со цел почист воздух.
На примопредавањето на автобусите присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас.
Но, се чини дека натписите во автобусите не се проверени бидејќи имаат грешки.
На македонски јазик има синтаксичка грешка па така наместо „Не потпирај се на врата“, треба да биде „Не се потпирај на вратата“. Правописна грешка има кај натписот на албански јазик.
Реченицата „Mos u mbërohet në derë“ не е правописно исправна на албански јазик. Глаголот „mbërohet“ е употребен погрешно во овој контекст.
Точно формулирана реченица би била: „Mos u mbështet në derë“, што значи „Не се потпирај на врата“.