Охрид се подготвува за најголемите христијански празници Богојавление – Водици.
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков истакна дека екипите работеле на терен за целосно чистење на пристаништето.

„Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад.
Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст“, вели Пецаков.
