ФОТО: Од надежта во Вардар остана само половина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една од трите врби кои беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена. Станува збор за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето.

Врбите беа поставени во реката во 2012 година, и тогаш имаше жестоки реакции за нивната цена. Според информациите, една чинеше околу 80 илјади евра, односно трите со целиот проект околу 250 илјади евра.

Тогашната опозиција СДСМ реагираше дека врбите го отсликува недомаќинското работење на тогaшната власт.