ФОТО: По објавата на ТВ21 – експресно санирани исшкртаните табли на магистралниот пат во Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По објавата на ТВ21 за тоа дека албанскиот јазик некому му е „трн во око“, па долж магистралниот пат во Кичево стојат табли на кои се избришани натписите на албански јазик, додека пак оставени се натписите на македонски и англиски јазик, денес состојбата е поинаква.

Како што може да се забележи на денешните фотографии од репортерката на ТВ21, Државното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта ги промени таблите и истите јасно може да се прочитаат на сите јазици.