ФОТО: Тетовскиот плоштад полн со ѓубре по продажбата на цвеќиња за празникот 8. март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовскиот плоштад, по продажбата на цвеќиња за празникот 8. март, беше полн со ѓубре вечерва, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Ѓубре насекаде, празни картони, саксии и други работи можеа да се забележат во „срцето“ на Тетово. Ова се случуваше откако оние што продаваа цвеќиња, завршија со продажбата по повод празникот 8. март.