ФОТО: Вака изгледа местото на несреќата на патот Кичево – Гостивар каде што загина тракторист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна незгода се случи утринава на патот Кичево – Гостивар кај селото Трапчин Дол, во која животот го загуби тракторист. Во него удрил џип „Ауди“, а возачот на џипот повреден пренесен во медицинскиот центар Кичево.

ТВ21 дојде до фотографии на лице место, каде што се гледа дека тракторот е на делови, додека џипот излетан од патот.

За сообраќајката се огласија и од МВР.

„Во 9.30 часот денеска било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај село Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.М.(20) од село Зајас, и трактор управуван од Б.А.(61) од село Грешница.

На местото на настанот починал Б.А., а В.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.“, велат од МВР.