Во населбата Аеродром во Скопје една невобичаена случка. Се вршеа градежни работи во еден објект, поточно се рушеше објектот. И тоа не е ништо спорно, но спорно е како објектот не беше обиколен заштитна ограда, и покрај тоа што покрај рушевините поминуваа и малолетни деца и други лица!?
ТВ21 не виде никаде табла каде што пишува кој е изведувач на работите, нешто што законски мора да го има.
Жители кои живеат во близина на објектот до нашата телевизија се пожалија дека се обратиле и до Државниот градежен инспекторат да го пријават случајот, но дека никој не се јавувал на телефон.
