Првиот танкер со руски дизел тргна кон Соединетите Американски Држави по договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Москва за обновување на испораките на гориво, пренесува „Ројтерс“.
Танкерот „Агиои Фанендес“, кој плови под знамето на Малта, превезува околу 40.000 тони дизел од руското пристаниште Приморск, а неговото пристигнување во Њујорк се очекува на 7 ноември.
Ова би бил првиот увоз на руски дизел во САД од 2022 година, кога Вашингтон воведе забрана за увоз на руска нафта и нафтени деривати поради војната во Украина.
Трамп претходно најави договор со Русија за зголемување на испораките на дизел, со цел намалување на цените на горивата на американскиот пазар.
Сепак, првиот танкер треба да пристигне четири дена по изборите за Конгресот, закажани за 3 ноември.
Договорот предизвика критики и во американскиот Сенат, каде што дел од републиканските и демократските сенатори предупредија дека обновувањето на трговијата со руски енергенти би можело да ѝ обезбеди дополнителни приходи на Москва за финансирање на војната во Украина.
