Вечерва ќе биде познат првиот финалист на Светското првенство 2026 година. Дуелот помеѓу Франција и Шпанија ќе го додели првиот европски финалист на овогодинешниот Мундијал. Ова е меч како што го нарекуваат „финале пред финалето“, затоа што овие две селекции, заедно со Аргентина, важеа за флавни фаворити за пласман во финалниот меч.
Французите го победија Мароко со 2-0 во четвртфиналето, додека Шпанија повторно го покажа својот карактер со победите во доцните натпревари, а играчот од средниот ред Микел Мерино стана еден од хероите на турнирот благодарение на одлучувачките голови против Португалија и Белгија.
И двата тима примија многу малку голови во текот на првенството, па затоа многумина очекуваат тесен и неизвесен дуел во кој еден детал би можел да одлучи кој оди во финалето.
Второто полуфинале е помеѓу Англија и Аргентина, и се игра утре.
