Франција ја подигна опасноста за тероризам на највисоко ниво, еве што значи тоа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Француското предупредување за тероризам е подигнато на највисокото ниво после терористичкиот напад во Москва, рече премиерот Габриел Атала после состанокот со повеќе сигурносни и одбранбени челници со претседателот Емануел Макрон.

Атал рече дека одлуката е донесена после преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот во Москва. Париз е домаќин на престојните Олимписки игри кои ќе се одржат на лето.

Француското преудпредување за тероризам има три нивоа, а највисокото се активира пред напади на Франција или странство кога заканата за напад е непосредна.

Тоа значи дека ќе бидат воведени сигурносни мерки како зголеми патроли на вооружени сили на места како што се железнички станици, аеродроми и религиски локации.