Франција: Пожарите и натаму се шират, Макрон свика меѓуресорски кризен штаб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарите денеска продолжуваат да се шират низ Франција, пред сѐ во регионот Жиронда, каде што огнената стихија од минатата среда досега уништила 42.000 хектари површина и принудила на евакуација околу 220.000 луѓе. Поради сериозноста на состојбата, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика состанок на меѓуресорскиот кризен штаб.

Во пожарите се повредени 84 пожарникари и спасувачи, соопшти синоќа префектурата на Жиронда, пренесува денеска BFM.

Пожарите сè уште не се ставени под контрола ниту во другите делови на земјата, меѓу кои Горна Корзика, Вар, Високите Алпи и Ланд.