Франција прв 1/8 финалист на Мундијалот во Катар, Аргентина се врати во игра за плеј-офот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мундијалот во Катар го доби својот прв 1/8 финалист во Катар. Тоа е селекцијата на актуелниот светски првак Франција, која успеа да дојде до втората победа на Светското првенство и така да обезбеди пласман во следната фаза.

Франција денеска со головите на Мбапе славеше над Данска со 2-1. Откако поведоа во 61. минута, израмни Кристенсен само седум минути подоцна, а Мбапе во 86. минута го донесе триумфот.

Во истата група, Австралија го совлада Тунис со 1-0. Така Франција собра шест бода, Австралија има три, Данска има два и тунис еден бод.

Аргентина со головите на Меси и Фернандез, го совлада Мексико и се врати во игра за пласман во 1/8 финалето. Аргентинците долго се мачеа, и кога се чинеше дека уште еднаш ќе потфрлат, Меси го отвори патот кон следната фаза.

Дополнително се „замрсува“ ситуацијата во оваа група, по победата на Полска над Саудиска Арабија. Полјаците славеа 2-0 со головите на Зелински и Левандовски. Така сега тие се први со четири бода, Саудиска Арабија и Аргентина имаат по три, а Мексико само бод. Во последното коло играат Аргентина – Полска и С. Арабија – Мексико.