Француски авион Мираж 2000 денеска се урна во северниот дел на Мали поради технички проблеми, соопшти портпаролот на француската армија.
Тој, без да наведе повеќе детали, истакна дека двата пилоти се безбедни.
Според него уривањето на авионот не е предизвикано од терористичките групи и најави дека армијатра ќе покрене истрага за причините за несреќата.
