Француски ракометен репрезентативец избоден со нож

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот ракометар Елохим Пранди (23), кој е меѓу повиканите репрезентативци во националниот тим за настап на претстојното ЕУРО2022, е избоден со нож на новогодишната ноќ, но е вон животна опасност, објави неговиот клуб ПСЖ.

– Елохим Пранди беше жртва на насилен напад во Париз во текот на новогодишната ноќ. Нанесени му се неколку убодни рани со нож. Играчот во моментов е во болница и неговата состојба не предизвикува загриженост, се наведува во клупското соопштение.

Левокрилниот ракометар има десет настапи за францускиот тим и беше сигурен патник на Европското првенство што ќе се одржи од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка, а го пропушти првиот дел од подготовките поради позитивен тест на коронавирус.

Франција е во група со Хрватска, Србија и Украина.